ФЗОМ: „Нема повеќе трчање по шалтери“

Од:

„Нема повеќе трчање по шалтери“, ова е новата кампања на ФЗОМ.

Службите на Фондот за здравствено осигурување по службена должност ќе ги прибавуваат документите што им недостигаат на граѓаните кои поднесуваат барања за одредена услуга, најави директорката на ФЗОМ Маја Парнарџиева-Змејковск .

Документите ќе се собираат во рок од три дена, освен во случаите кога согласно Законот рокот за решавање на одреден предмет е 15, 30 или 60 дена.

„ Станува збор за обраќање до првиот шалтер каде граѓанинот треба да ја добие услугата, а институцијата по службена должност ќе треба да ги обезбеди документите. Услугата ќе се наплатува на едно место, на еден шалтер, изјави министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски“ кој д заедно со директорката на ФЗОМ Маја Парнарџиева-Змејковска ја промовираа кампањата „Нема повеќе трчање по шалтери“.

Оваа мерка, додаде Ивановски, ќе им заштеди време на граѓаните и ќе ги намали гужвите по шалтерите.

Првпат во име на граѓаните Фондот за здравствено осигурување ќе ги обезбедува и документите за лекување во странство, како и документите од лекраските комисии.

Парнарџиева-Змејковска најави дека во следниот период ќе биде воведен и електронски систем за доставување на барањата од граѓаните до Фондот.

Би можело да ве интересира

Министерот Алиу апелира: Граѓаните да пријават евентуални неправилности во врска со кардиолошките интервенции

Министерство за здравство: Две комисии ја проверуваа Стоматолошката комора, одлуката е донесена врз база на факти

Зголемени температури во следните неколку дена – да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето

Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага и ги повикува граѓаните да пријавуваат вакви случаи

Владата одвои многу пари за модернизација на нашето здравство, вели министерот Азир Алиу

Министерот Кенеди отпушта 10.000 луѓе во здравството