Египетски воен извор денеска изјави дека вооружените сили уапсиле на Синајскиот полуостров шестмина „терористи“, јави Египетската телевизија.
Апсењата се извршени по нападот од крајот на минатата недела во кој беа убиени 16 египетски граничари.
Во четвртокот Египет испрати војници во Северен Синај за да се справи со вооружени мажи кои дејствуваат на границата со израел. Според арммиски извори досега во офанзивата се убиени 20 луѓе кои се сметаат за терористи.