„Ер тракторот“ слетал „на стомак“

Од:

„На стомак“, слетал авионот „ер трактор”, кој учествувал во гаснењето на пожарот кај скопската рафинерија ОКТА.

Пилотот заборавил да ги отвори тркалата на скопскиот аеродром „Александар Велики”.

Пилотот минал без повреди, а авионот е комплетно оштетен и не е за употреба, објави „Вечер“.
За весникот инцидентот го потврдиле од Дирекцијата за заштита и спасување.

Според информациите пилотот неколку часа летал и учествувал во гаснење на пожари на неколку места и тоа му бил последен лет пред да ја заврши смената.

Засега не е познато како и зошто заборавил да ги спушти тркала, а исто нејасено е зошто ниту еден од персоналот на земја не го предупредил.

Трите “ер трактори” беа набавени пред неколку години, а обуката на пилотите ја спроведуваа шпански инструктори.

Би можело да ве интересира

Се урна авион на Бахамите, нема преживеани

Трамп ја напушти Турција со стариот авион од безбедносни причини

Откриено е што предизвикало авионот на пат кон Тел Авив да го активира сигналот за киднапирање: Пилотот направил неразбирлива грешка

Авион со 132 патници излета од пистата на аеродромот во Сплит

А1он

Авион од Хургада принудно ќе слета во Белград

ВИДЕО: Иранците ја погодија американската база во Саудиска Арабија; Уништени се пет танкерски авиони

Предраг Петровиќ