Германците не ја сакаат Грција во еврозоната

Од:

Најголем број од Германците се против воведување на еврообврзницата, со која би се одединиле долговите на сите земји во Унијата за да се справат полесно со кризата. Истовремено, најголем дел од нив не сакаат Грција да остане во еврозоната.

Според анкетата на германската телевизија ЗДФ, 79 отсто од испитаниците се против воведување на еврообврзницата, а со тоа и даваат и поддршка на Ангела Меркел и Владата, која го има истиот став.

14 проценти ја поддржуваат идејата за заеднички обврзници, која ја заговара францускиот претседател Франсоа Оланд. Новиот став на Франција во однос на мерките за надминување на кризата доведе до заладување на германско – француските односи. Додека Германија бара финансиска дисциплина и штедење, а Франција промовира економски раст.

Германците исто така стануваат се поскептични во врска со Грција, па дури 60 проценти од нив сакаат Атина веднаш да ја напушти монетарната унија, а 31 процент сакаат Грција да го задржи еврото.

Анкетата е одржана меѓу 22-24 мај, а испитани биле 1312 лица.

Би можело да ве интересира

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната