Кинеската Гу Каилаи, која во ноември минатата година го уби британскиот бизнисмен Нил Хејвуд се соочува со смртна казна, јавуваат лондонските медиуми, повикувајќи се на извештаите од судењето во Кина, на кое присуствуваат само 14 „избрани луѓе“.
Во официјалното соопштение на судот, во кое се содржани делови од обинителниот акт се вели дека Каилаи прво го опијанила Британецот, а потоа го отрула, откако претходно го намамила на состанок во собата на еден хотел во градот Чонкинг, во југозападна Кина.
Според обвинителот станува збор за „брутална постапка“ на Кинеската, локална бизнисменка.
Одбраната во текот на судењето не го отфрлила обвинувањето, но во расправата инсистирале дека и убиенот Хејвуд „сноси дел од одговорноста“ за случајот. Обвинетата Каилаи се одлучила на убиство, сакајќи да го казни Британецот, затоа што и се заканувал со „безбедноста на нејзиниот син“. Не се објаснува каква била неговата одговорност.
Случајот на Гу Каилаи предизвика и политичко бранување во редовите на кинеската Комунистичка партија, затоа што нејзиниот сопруг беше висок функционер во партијата и според британските медиуми, политичар на кого се сметало за во иднина. Веднаш по апсењето на неговата сопруга, тој беше сменет од сите партиски и државни функции.
Медиумите во Лондон му посветуваат голем публицитет на случајот со убиениот бизнисмен, уште од минатата година, особено затоа што кинеските власти долго време тврдеа дека Нил Хејвуд умрел од природна смрт, од преголема доза на алкохол.
Британските власти не ја прифаќаа официјалната верзија за смртта и бараа нова истрага. Подоцна кинеските власти принзаа дека станува збор за убиство, а потоа и соопштија дека убиецот е бизнис партнерката на Хејвуд. На обвинителната клупа, зедно со Гу Каилаи се наоѓа и Занг Ксаочунг, кој бил соучесник во убиството.