Полицијата и вооружени лица одново влегоа во судири денеска во Синај, соопшти египетската државна телевизија, додека силите за безбедност гонат исламисти во регионот, каде шеснаесет египетски граничари беа убиени во неделата.
Судирите избиле пред полицискиот пункт во Ел Ариш во северниот дел на Синај по операција на египетската армија, која уби 20 активисти.
Египетската армија ја оцени вчера како апсолутен успех копнената и воздушната операција против „терористите“ во Синај.
Воен извор и државната телевизија соопштија за 20 убиени активисти рано утрово при удари од хеликоптери Апачи во реонот на село Тумах во близина до палестинската енклава Газа.