Невработеноста во Грција во последната година е зголемена за повеќе од шест проценти, покажуваат статистичките податоци објавени денеска во Атина.
Во мај годинава невработеноста во Грција изнесувала 23, 1 процент, додека во истиот месец минатата година тој процент изнесувал 16,8, јави дописникот на МИА од Атина. Тоа значи дека во мај во Грција невработени биле еден милион 147 илјади и 372 луѓе, а неактивни биле три милиони 361 илјада и 131 човек, соопшти Грчката агенција за статистика (ЕЛСТАТ).
Најмногу невработени има меѓу старосната група од 15 до 24 години каде процентот изнесува 54,9, а по нив следува старосната група од 25 до 34 години со 31,6 отсто.