СДСМ: Без срам се сликаа пред спомениците, тие што ги амнестираа терористите

Од:

СДСМ од Прилеп на прес конференција го обвини пратеникот Димитар Стеванџија за лицемерие зашто гласал за амнестија, а вчера положил цвеќе на споменикот на прилепските бранители.

„Со какво лице, со кој образ, вчера положивте цвеќе на споменикот за прилепските бранители, кога пред една година токму вашата прва одлука како пратеник во Собранието на РМ беше, амнестија за убијците на 10-те прилепски херои.

Невидено лицемерие!

Како не вие срам г-дине Стеванаџија, да се сликате пред споменикот, и да им погледнете во очи на родителите, сопругите и децата на оние кои на 8-ми Август го дадоа животот за татковината.

Со ништо не можете и нема да го измиете срамот, од вас и вашата партија, за кукавичката одлука со која ги амнестиравте терористите и убијци на нашите бранители, прилепчани нема никогаш да ви го заборават овој предавнички чин“, рече Миле Талевски, портпарол на СДСМ Прилеп.

Од партијата го критикуваа и градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, од кога како што рекоа „една година нема ниту еден збор со кој се огради од ваквата предавничка одлука“.

„Вие господине градоначалник, чако член на извршниот одбор највисокиот политички орган на ВМРО-ДПМНЕ, сте директен соучесник во одлуката за амнестија на терористи и убијци.

Со самиот факт што сеуште, до ден денес, не се дистанцирате и оградувате од оваа срамна одлука, на дело го покажувате вашиот лажен патриотизам“, рече Талевски.

Би можело да ве интересира

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат