СДСМ: Власта ги злоупотребува парите за субвенции

Од:

СДСМ обвини дека парите одвоени од буџетот за субвенции, се помалку стигнуваат до вистинските земјоделци, а се повеќе служат за политичка манипулација, криминал и корупција, вчера и статистички се потврдија.

„Заводот за статистика пред неколку дена објави поразителен податок дека продажбата и откупот на земјоделски производи во јуни се намалиле за околу 10 проценти, што е потврда на нашите тврдења дека владината политика во аграрот доживува целосно фијаско.

Да биде иронијата поголема, падот на откупот и продажбата на производите е најголем кај градинарството и кај сточарството, а токму во овие две области министерот за земјоделие на почетокот на годинава најавуваше дека Владата ќе стави акцент во субвенционирањето“, рече Зорица Стрезоска, член на Агросоветот на СДСМ.

Од СДСМ потсетуваат дека и порано предупредувале дека парите за субвенции не ги даваат потребните резултати, најмногу како што велат „поради фактот што власта ги злоупотребува државните пари за оваа намена“.

„Наместо да стимулираат поголемо производство на поквалитетни и поконкурентни производи, парите од Буџетот за субвенции се делат по партиска и роднинска линија, а се поголеми се шпекулациите за организиран коруптивен криминал при поделбите на овие средства.

Наместо да стигнат до вистинските земјоделски производители, власта ги користи парите за субвенции како награда за заслужните партиски војници и како извор за финансирање на својата бизнис – фамилијарна олигархија. Ова е причината зошто производството се намалува при рекорден износ кој се издвојува од Буџетот за поддршка на аграрот.

Досега, во шесте години владеење на ВМРО – ДПМНЕ, по основ на субвенции од буџетот на Република Македонија одлеано е околу една четвртина од Буџетот на државата, но статистиката покажува дека поголемиот дел од овие пари не се правилно распределени.

Токму затоа, СДСМ иницира надзорна расправа во Собранието околу делењето на субвенциите во земјоделството, на која ќе бараме претставниците на власта да објаснат – каде завршуваат парите кои сите граѓани ги издвојуваат од Буџетот за оваа намена“, рече Стрезоска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Краците на Орбан и Вучиќ коишто водат до Мицкоски ќе се демонтираат

(ВИДЕО) Кузмановска: ВМРО удри и по студентите, се намалуваат стипендиите, поскапува сместувањето во студентските домови

СДСМ: Владата бега од европските стандарди и реформите

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче продолжува со политиките на отстапки кон Бугарија

СДСМ: Мицкоски раскажува бајки – Македонија е шеста најсиромашна земја во Европа

Фрчкоски: 93 тендери вредни 18 милиони евра за Мастеф – омилената фирма на власта

А1он