Мајката на починатиот штитеник не сака да го погреба синот

Од:

Мајката на убиениот штитеник, 39 годишниот Небојша Зарупец, вели дека не сака да го погреба својот син затоа што 20 години поради него живеела во пекол. Таа во својата изјава за српските новинари, вели дека тој продал се што имале и со години живеела без основни услови за живот.

„Тој почна рано да се дрогира. Постојано му наоѓав некакви апчиња по џеповите, Немам никаков апрат дома. Се собра и се продаде. Извади се од 4-те бањи што ги имаме во куќата и се продаде. Немам ни греење, радијаторите ги извади заедно со бакарните цевки и ги продаде за дрога. Седум години живеам без електрична енергија, во темнината, затоа што ми остави големи долгови“, се исповеда мајката, Милица Лукиќ .

„Да ми се случеше оваа несреќа пред 15 години не знам како би го поднела тоа. Но сега, по сите овие години што се не доживеав од него. Го загубив мајчинскиот инстинкт и затоа нема да одам на погребот“, вели таа.

Кога имал големи кризи, физички ја напаѓал и многу често била доведена до работ на животната опасност.

„Последен пат го видов минатата недела кога дојде на отсуство. Изгледаше како да се спасил од дрогата, но тоа мене не ме израдува, затоа што тој ја уби љубовта во мене. Не ми се жалеше дека некој го малтретирал во домот, а ми кажа и дека планира да се занимава со резбање“.

Небојша Зарупец, според информациите на полицијата што ги пренесоа срските медиуми починал по ќотекот со шипка, после кој му се слошило и се угушил. Свештеникот Бранислав Перановиќ кој го „воспитувал“ мислејќи дека има кај него дрога, веднаш повикал полиција која го уапсила.

Телото на починатиот ќе биде пограбано во родното село на неговиот татко, кој исто така воопшто не го обвинува свештеникот затоа што му го убил синот.

Би можело да ве интересира

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија

Почина работникот кој беше тешко повреден во експлозија во Лештани

Двајца работници се повредени во пожар во фабрика во Лештани