Двајца стоматолози од францускиот град Марсеј се под истрага оти намерно оштетувале заби на пациенти за да може да им вградат скапи коронк.
Стоматолозите чии имиња не се соопштени оштетувале заби на свои сиромашни пациенти и подоцна им ставале скапи коронки. Бидејќи тоа биле пациенти со ниски примања, расходите ги преземале здравствените власти.
Дел од пациентите ја откриле измамата, но не се осмелиле да пријават за да не мора здравствените власти да побараат од нив сами да си платат за услугата.
Истрагата почнува откако стоматолозите почнале да пријавуваат енормно виски цени за коронките. Во еден момент пријавиле сума за исплата 28 пати над просечната за коронка и тоа ги поттикнало властите да преземат истрага.