Уапсен поранешниот претседател на ИО на „Агробанка“

Од:

Поранешниот претседател на Извршниот одбор на „Агробанка“ Душан Антониќ, кој беше во бегство, е уапсен на граничниот премин кај Сремска Рача, потврди за РТС српскиот премиер и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ.

Претходно во истрагата на аферата „Агробанка“ усапсени се уште седум лица.

Специјалниот обвинител за организиран криминал Миљко Радисављевиќ изјави дека постои основан сомнеж дека голем број кредити се одобрувани на групи на поврзани правни лица во спортивност на законот за банки, актите на Народна банка на Србија и интерните акти на „Агробанка“.

Како последица на тоа е ненаплатливост на одобрени кредити во висина од над 200 милиони евра, истакна Радисављевиќ.

Во истрагата на аферата „Агробанка“ може да се очекуваат уште апсења, бидејќи, како што изјави обвинителот, полицијата има налог да ги провери сите спорни и неплатени кредити.

Обвинителот за организиран криминал од февруари оваа година, врз основа на извештај од крим-полицијата, води предистражни постапки во врска со спорните кредити кои во периодот од 2006 до 2011 година се одобрени и пласирани од Земјоделската банка Агробанка А.Д. Белград.

Душан Антониќ беше претседател на Извршниот одбор на „Агробанка“ до крајот на минатата година, кога поради ненаплатени побарувања на банката и е одземена дозволата за работа и отворена стечајна постапка.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Косовската полиција затвори 35 српски институции

Верма: Санкциите се насочени кон Русија, а не кон Србија

Америка воведе санкции за српската нафтена индустрија

Убиство во Инџија, уапсени се три лица, по четвртиот се трага

Горан Наумовски

Српската влада формираше тимови за преговори со Русија за долгорочен план за снабдување со гас

Катерина Ѓуровски

Српскиот премиер се закани на професорите: Сите што одбиваат да предаваат повеќе нема да работат во образованието