Само 4 часа откако бил пуштен на доашно лекување, легендарниот актер повторно бил вратен во болницата на инсистирање на неговото семејство.
Неговата сопруга, Елена и ќерката во консултација со синот, одлучиле дека подобро за Бата е да се врати во болница.
Директорот на болницата направил исклучок и дозволил пациентот да биде вратен назад затоа што семејството инсистирало на тоа бидејќи дома немале услови за негова рехабилитација каква што била потребна.
Тој во болницата „Свети Сава“ се наоѓа од 3. јули годинава, веднаш штом дожиева мозочен удар.