СДСМ избира нов претседател во Струга

Од:

Струшките социјалдемократи на 17 ти август на изборна конференција по внатрешните несогласувања ќе изберат ново општинско раководство.

Извори за А1 од партијата велат дека листата на кандидати е затворена, и дека за претседател на општинската организација ќе се борат тројца кандидати и тоа Даме Ложанкоски досегашен секретар во партијата, Борче Мижимакоски претседател на синдикатот во Јавното претпријатие Комунално во Струга и Ристе Чушкоски вработен во приватна фирма.

И покрај информациите дека СДСМ во Струга до локалните избори на пролет ќе функционира со привремено претседателство, односно со штабско раководство по барање и инсистирање на членството била донесена одлука да се избере нов претседател, велат партиски извори за А1.

Ова доаѓа откако претходниот претседател Ацо Попоски беше принуден да си поднесе оставка од оваа позиција. Тој беше под притисок на членството во Струга бидејки како советник во Советот на општината крена два прста за спорниот предлог нацрт урбанистички план за струшкото крајбрежје.

Од СДСМ Струга велат дека информациите поврзани за наводна подршка на нивната партија за одредени личности за кандидати за градоначалник на Струга се чисти дезинформации и тотални шпекулации. Од таму додаваат дека до сега немале никакви преговори и разговори ниту со партии ниту со личности.

Би можело да ве интересира

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат