Македонската фудбалска репрезентација, на најновата ранг листа на ФИФА, се наоѓа скромното 102-то место.
Во однос на минатиот месец, и покрај тоа што не одигра ниту еден натпревар Македонија го подобри лошиот пласман за една позиција.
Што се однесува до противниците на „црвено-жолтите“, во циклусот квалификации за пласман на Светското првенство во Бразил, најдобар рејтинг има репрезентацијата на Хрватска, која се наоѓа на деветтото место, следуваат Србија (35), Велс (37), Шкотска (46) и Белгија (53).
На листата на ФИФА има само една промена во Топ 5, Уругвај падна на третото место каде сега се наоѓа Англија. Прва на листата е Шпанија пред Германија, Англија, Уругвај и Португалија.