Грозоморен настан во Куманово. 13-годишно девојче е силувано од страна на тројца млади кумановци од кои едниот има само само 15 години.
Според МВР, М.Д.(19), О.С.(20) и Ч.В. (15), сите од Куманово се осомничени за кривично дело полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години.
Пред три дена, во дворот на СТУ Наце Буѓони, М.Д. се сретнал со 13 годишно девојче, со кое претходно бил во љубовна врска и со употреба на сила извршил обљуба, а потоа дошле и останатите пријавени кои исто така го обљубиле девојчето.