Екс претседателот на Србија, Борис Тадиќ, ја одби законската можност да прима шестмесечна плата од државната каса.
Оваа одлука на Тадиќ, за српските медиуми го потврди секретарот на Демократската партија, Тамара Трипиќ. Тадиќ од неговата партија, месечно добива околу 140.000 српски динари, или околу 1.200 евра.
Трипиќ вели дека поранешниот српски претседател во овој момент од државата има обезбедување, а партијата го презела плаќањето на киријата за вилата во белградската населба Сењак, која месечно чини 4.000 евра.
Лидерот на демократите не се пријавил за другите права кои му припаѓаат како поранешен шеф на државаа, а тоа се право на канцеларија, службено возило, советник и возач.
Тадиќ на сето ова има законско право, толку време, колку што бил шеф на државата.