Излегувањето на Грција од еврозоната би било контролирано, но не и посакувано, изјави шефот на Еврогрупата Жан Клод-Јункер, пишува весникот „Етнос“.
При сегашните перспективи излегувањето на Грција од еврозоната би било контролирано. Тоа, меѓутоа, не значи дека ќе биде посакувано, бидејќи би имало значителни ризици за обичните луѓе во Грција, рече Јункер.
Запрашан дали би можел категорично да го исклучи излегувањето на Грција од еврозоната, Јункер одговори: „најрано до крајот на есента, но и после тоа“.
Во меѓувреме, ЕК објави денеска дека не планира да бара од Грција да го намали буџетскиот дефицит до 120 отсто од БДП пред 2020 година, истакнувајќи дека таа цел, договорена како дел од вториот план за помош на Атина, е „амбициозна“.