Еден Швеѓанец во Трелеборг, кој косел трева во својот двор, доживеал непријатно изненадување. Тој во земјата пронашол граната тешка околу 50 килограми, по што полицијата веднаш го евакуирала целото подрачје во радиус од околу 900 метри.
Гранатата би можела да биде толку стара како да е од Првата светска војна, вели Миа Сандгрен при полицијата во Трелеборг.
Полицијата се уште не знае како гранатата се нашла во дворот на Швеѓанецот, но се проценува дека таму не е од неодамна.
Тоа што е необично е дека гранатата е толку голема и е најдена во еден двор, а не некаде кај морскиот брег, што е повообичаено, вели Миа Сандберг.