Германец четири години го криеше телото на мајка си – на креветот стави кукла

Од:

Полицијата пронаjде тело на жена, која почина пред четири години на 85-годишна возраст, во стан во Хамбург.

Нејзиниот 55-годишен син го криеше телото во сад под креветот, а на самиот кревет постави кукла што личи на неговата мајка.

Случајот беше откриен откако еден здравствен работник повика полиција. Истражителите претпоставуваат дека во позадина на сето ова стои лична трагедија.

Од полицијата потврдија дека пред два дена интервенирале во станбена зграда во хамбуршката населба Хајмфелд. Сè започна во четвртокот, кога вработен во здравствена служба дошол во станот на 55-годишникот. Тој забележа нешто што личи на неподвижно човечко тело во креветот, поради што повика полиција.

Полицајците набргу утврди дека во креветот нема човек, туку кукла, која мажот ја намести така што да наликува на неговата мајка.

При понатамошниот претрес на станот, тие пронашле посмртни останки завиткани во фолија, сместени во сад под креветот.

Било утврдено дека станува збор за телото на неговата мајка, која починала пред четири години на 85-годишна возраст.

Нејзината смрт никогаш не беше официјално пријавена.

Откако полицијата го пронашла телото, 55-годишникот доброволно замина во психијатриска установа.

Според досегашните информации, нема индиции дека жената починала од насилна смрт. Портпарол на полицијата изјави дека се претпоставува оти таа почина од природна смрт.

Би можело да ве интересира

Жена во Германија седна на клупа и почна да плаче – доби казна од 25 евра

А1он

Германија и натаму убедливо најголем финансиер на ЕУ

Германски медиуми: Русија планира да лансира сателит со нуклеарно оружје во вселената

Германско лото: Две и пол години 250.000 евра им беа „на дофат“, но тие немаа поим за тоа

А1он

Германија и Норвешка издвојуваат 300 милиони долари за американски ракети за Украина

Србинка (33) тешко повредена во Германија – партнерот ја прободе со виљушка за време на расправија, па побегна

А1он