ЗНАМ: Македонското знаме е државен симбол на сите граѓани, неговото сквернавење е недозволиво

Од:

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија најостро го осудува чинот на симнување и сквернавење на македонското државно знаме на плоштадот во Гостивар, чин со кој се изразува непочитување кон државните симболи, институциите и државата Македонија. Македонското државно знаме не е симбол на една политичка партија или на една етничка заедница. Тоа е државен симбол на Република Македонија, знаме на македонскиот народ и на сите заедници што живеат во нашата држава. Неговото почитување е обврска на секој граѓанин, без разлика на неговата етничка, верска или политичка припадност, се вели во соопштението од ЗНАM.

Од движењето велат „Почитувањето на правото на секоја заедница да ги негува сопствените традиции, култура и национални симболи не смее да биде изговор за непочитување на државните симболи. Прославувањето на Денот на албанското знаме, без соодветно истакнување на македонското државно знаме, претставува непочитување на државниот поредок и постапување спротивно на законските одредби за употреба на знамињата. Исто така, дивеењето по улиците, насилничкото однесување и нарушувањето на јавниот ред и мир во градовите најмалку прилегаат на достоинствено, свечено и цивилизирано одбележување на кој било празник“.

„Празниците треба да бидат повод за славење, меѓусебно почитување и градење соживот, а не за провокации, инциденти и демонстрација на непочитување кон државата. Очекуваме надлежните институции без одлагање да ги расчистат настаните во Гостивар, да ги идентификуваат сторителите и да постапат согласно законите. Законот мора да важи подеднакво за сите, без селективност и без политички калкулации“ е ставот на ЗНАМ.

Би можело да ве интересира

Димитриевски: Европскиот извештај е најверодостојниот доказ за резултатите на ЗНАМ!

Минчев: Реформите во јавната администрација носат конкретни резултати, донесени три клучни системски закони

Филков: ЗНАМ стои зад ставот дека според Уставот и важечките закони правосудниот испит може да се полага само на македонски јазик

ЗНАМ: Општина Центар не знае колку згради се градат во моментов, нема ниту градежен инспектор да ги брои

А1он

Минчев: Граѓаните не живеат од ветувања, туку од резултати што ги чувствуваат

ЗНАМ предлага измени на Законот за семејството: Посвоените лица да можат да добијат информации за своето потекло