На Милан Антонијевиќ (51), комесарот за заштита на еднаквоста, му се слоши за време на гостувањето во утринската програма на ТВ Прва во Србија.
View this post on Instagram
Како што може да се види од снимката од емисијата, на Антонијевиќ одеднаш му се слоши, по што програмата веднаш беше прекината.
„Брзата помош е на пат, ќе пристигне секој момент. Со г. Антонијевиќ сè ќе биде во ред, сега е подобро“, изјавија подоцна во програмата.
Покрај Антонијевиќ, гостин во сегментот од програмата „Прелистување на печатот“ беше и Саво Манојловиќ, лидерот на движењето „Крени-промени“.
Во еден момент, додека Манојловиќ зборуваше, забележа дека на Антонијевиќ не му е добро и му пријде на помош.
Антонијевиќ беше видливо дезориентиран.
