Силен земјотрес го погоди подрачјето на Лос Анџелес: Граѓаните се предупредени на дополнителни потреси

Од:

Земјотрес со јачина од 5,0 степени ја погоди областа Менхетен Бич во Калифорнија во саботата наутро, соопшти Геолошкиот институт на САД (USGS).

Според „ХафПост“ (HuffPost), засега нема извештаи за повредени лица или материјална штета.

Противпожарната служба на Лос Анџелес ги активираше протоколите за итни случаи по земјотресот и испрати екипи од 106 противпожарни станици да ја проверат инфраструктурата и да утврдат дали има штети.

Во соопштение, службата наведе дека досега нема пријави за повредени лица или оштетувања на објекти.

Градските власти во Менхетен Бич ги повикаа жителите да бидат подготвени за можни последователни потреси, кои би можеле да се случат неколку минути, часови, па дури и денови по главниот земјотрес.

Истовремено, градските власти преку социјалните мрежи објавија дека во моментов нема опасност од цунами.

Би можело да ве интересира

Почуствуван земјотрес во Битола, Охрид и блиската околина

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди Перу: Тресењето почувствувано и во главниот град

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Силен земјотрес ја стресе Романија и Молдавија

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Колумбија

Горан Наумовски

Земјотрес ја погоди Црна Гора

(ВИДЕО) Разорен земјотрес ја погоди Кина, десетици повредени, има и жртви

Горан Наумовски