Рекордно топол ноември во Москва, метеоролозите најавуваат снег во декември

Од:

Ноември 2026 година во Москва е меѓу 25-те најтопли месеци во последните 135 години, колку што траат редовните метеоролошки мерења, со просечна месечна температура од околу 1,8 степени Целзиусови.

Според метеоролозите, температурите во рускиот главен град во најголем дел од ноември се задржале над нулата.

„Овој ноември е меѓу 25-те најтопли во историјата на мерењата. Истата просечна месечна температура беше забележана и во 2019 година – 1,8 степени Целзиусови“, соопштија од Рускиот хидрометеоролошки центар, пренесува ТАСС.

Нови снежни врнежи се очекуваат во Москва и Московската област во среда, 2 декември. Според прогнозата, снежната покривка би можела да достигне висина до пет сантиметри.

Би можело да ве интересира

Рјабков: Членството на Украина во НАТО е неприфатливо

Москва не се откажува од барањата од 2021 година: НАТО да се врати на границите од 1997 година

„Секој педа руска земја ќе биде вратенa“ – нова порака од Москва

Москва предлага пакт со НАТО

Москва негира дека пропадна договорот за испорака на дизел за Америка

Москва: НАТО го претера со воените активности покрај руските граници