Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против едно лице осомничено за кривично дело тешка кражба, откако со закана со нож на жена ѝ ја одзело чантата додека седела пред кафетерија во Тетово.
Според информациите од Обвинителството, инцидентот се случил на 26 ноември. Жената седела пред кафетерија и пиела кафе, а чантата ја оставила на столицата до себе. Во тој момент осомничениот ѝ се заканил со нож и ѝ ја одзел чантата.
Откако се оддалечил од местото, тој го извадил паричникот од чантата, во кој имало 4.000 денари, а чантата ја фрлил на земја. Потоа, продолжувајќи да се заканува со ножот, избегал.
Јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против осомничениот за кривично дело тешка кражба според член 236 став 1 точка 4 од Кривичниот законик.
До судијата на претходна постапка при Основниот суд во Тетово е доставен предлог за определување мерка притвор за осомничениот.
