Потпишан Меморандум за соработка и дониран  современ спектрофотометар за студентите при Тетовскиот универзитет

Од:

Компанијата ЗЕГИН и Тетовскиот универзитет денес официјално потпишаа Меморандум за соработка, со што се воспоставува долгорочно партнерство насочено кон унапредување на практичната настава, научно-истражувачката дејност и поддршка на сегашните и идните генерации  на студенти .

Во рамки на оваа соработка, Зегин донираше спектрофотометар- најнова генерација и најсовремен апарат од ваков тип наменет за едукативни и лабораториски цели, кој директно ќе им помогне на студентите и наставниот кадар во изведувањето на прецизни анализи и експериментални вежби.

Преку Меморандумот, двете институции се обврзуваат на заедничка работа во неколку клучни области:

  • Унапредување на практичната настава: овозможување студентски пракси, стручни посети, работа на реални проекти и можност за вработување во Зегин по завршување на студиите
  • Размена на знаења и искуства: организирање заеднички работилници, гостински предавања од експерти од индустријата и научни трибини.
  • Поддршка на истражувачките капацитети: модернизација на лабораториските услови и поттикнување на иновациите кај студентите.

“Науката и технологијата се движат напред со неверојатна брзина. За да можеме да создаваме кадри кои не само што ќе ги следат светските трендови, туку и ќе ги предводат, неопходно е теоретското знаење да биде поткрепено со современа практична настава и врвна лабораториска опрема. Со оваа донација и сo потпишувањето на Меморандумот сакаме на студентите од Тетово да им овозможиме пристап до современа опрема со која теоретското знаење полесно ќе го преточат во практични вештини, подготвувајќи ги за реалните предизвици на новото време и пазарот на трудот“ – изјави Христина Механџиска, косопственик и извршен Директор на Зегин групација. Од страна на Тетовскиот Универзитет, Ректорот проф. д-р. Куштрим Ахмети изрази голема благодарност за општествено одговорниот потег на компанијата нагласувајќи дека новиот спектрофотометар значително ќе го подигне квалитетот на лабораториските вежби и ќе им отвори нови можности на студентите за истражувачка работа.

Со овој чекор, ЗЕГИН уште еднаш ја потврдува својата стратешка определба за поддршка на локалната заедница, академската средина и развојот на млади професионалци во земјата.

Би можело да ве интересира

Формиран Клуб на жени на Движење ЗНАМ, Александра Јелиќ избрана за претседател

Предраг Петровиќ

Едно лице осомничено за тешка кражба во Тетово

Политичка академија на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ: За една повеќе – вредности, лидерство и заедничка политичка агенда

Димитриевски: Ставот на ЗНАМ за правосудниот испит е непроменет, очекуваме лидерска средба во декември

Пирц-Мусар: Проширувањето на ЕУ сѐ уште се одвива пребавно, Словенија поддржува гласање со квалификувано мнозинство

Средба на Сиљановска-Давкова со Александар Чупиќ, вршител на должноста претседател на Република Србија

Предраг Петровиќ