ВИДЕО: Академикот Радомир Саичиќ е кандидат на студентското движење за претседател на Србија

Од:

Кандидат на студентското движење за претседател на Србија е Радомир Саичиќ, академик и професор на Хемискиот факултет на Универзитетот во Белград, соопштија денеска од студентското движење.

Саичиќ е пратеник од Студентската листа, која победи на предвремените парламентарни избори одржани на 25 октомври. Тој беше и еден од 14-те потписници на основањето на групата граѓани „Студентска листа – Студентите победуваат“.

За пратеник првпат беше избран во 15. состав на Собранието на Србија, како 91. на листата на студентското движење. Мандатот му беше потврден на 17 ноември.

Претседателот на Собранието на Србија, Александар Чупиќ, во четвртокот ги распиша претседателските избори за 27 декември.

Поранешниот претседател на Србија, Александар Вучиќ, поднесе оставка на функцијата на 27 септември за да може да се кандидира за пратеник на предвремените парламентарни избори.

Коалицијата предводена од Српската напредна партија ги загуби изборите, а Вучиќ сега е пратеник и шеф на пратеничката група „Србија победува“.

Функцијата вршител на должноста претседател на Србија ја извршува претседателот на Собранието, Александар Чупиќ.

Би можело да ве интересира

Претседателските избори во Србија распишани за 27 декември

Самит Брдо-Бриони утре во Охрид, најавен и новиот в.д. претседател на Србија

ВИДЕО: Вучиќ најави штрајк со глад и тврди дека политичките противници подготвуваат негово апсење или убиство

(ВИДЕО) Нова политичка ера во Србија: конституирање на Парламентот со мнозинство од Студентската листа

ВИДЕО: Првата седница на новиот српски парламент на 17 ноември

Николоски не очекува промената на власта во Србија да влијае на инфраструктурните проекти меѓу двете земји

Катерина Ѓуровски