Второто основно јавно обвинителство во Белград побара од судот да му одреди притвор во траење до 30 дена на Драган Вучиќевиќ, главен и одговорен уредник на „Информер ТВ“.
Барањето за притвор е поднесено поради опасност осомничениот да го повтори кривичното дело, соопштија од Обвинителството.
Вучиќевиќ денеска беше сослушан и ја изнесе својата одбрана пред Обвинителството; според неговите бранители, тој негирал каква било вина.
Тој се товари за кривичното дело предизвикување паника и неред (извршено како продолжено кривично дело) и за кривичното дело попречување на правдата.
Вучиќевиќ беше лишен од слобода вчера во близина на зградата на „Информер ТВ“ и однесен во Полициската станица „Вождовац“, каде што му беше одреден притвор во траење до 48 часа.
Денеска пред Палатата на правдата, а вчера пред Полициската станица „Вождовац“, се одржаа собири за поддршка на Вучиќевиќ.
