Кризата во Европската унија е очигледна; сепак, наместо да се занимаваат со проблемите со кои се соочуваат сопствените граѓани, претставниците од Брисел на самитот во Брисел ќе разговараат за финансирањето на Украина, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
Таа истакна дека раководството на ЕУ му дава предност на издвојувањето средства за Киев, пред решавањето на прашањата во сферите на социјалната политика, здравството, образованието и науката.
– Кризата во Европската унија е очигледна. Сепак, наместо да се зафатат со решавање на горливите проблеми на сопственото население, претставниците од Брисел ќе разговараат за финансирање на тероризмот и спонзорирање на војна ’до последниот Украинец“, рече Захарова.
Таа додаде дека, од гледна точка на Брисел, социјалната политика, здравството, образованието и науката не се толку важни колку што се активностите на украинското раководство.
