Облачно со повремени врнежи од дожд

Од:

Времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во западните делови (над 30 л/м²). Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се движи од минус 1 степен до 4 степени, а дневната од 5 до 12 степени, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Во Скопје и околината времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе биде нула степени, а дневната ќе достигне до 8 степени.

До недела времето ќе биде претежно облачно со врнежи кои наместа ќе бидат пообилни (над 30 л/м² за 24 часа), а во текот на целиот период и над 80 л/м². Поради спуштање на ладна воздушна маса од север, за време на викендот врнежите ќе бидат од дожд и снег на некои од повисоките места, а на планините само од снег каде ќе се формира нова снежна покривка. Од почетокот на следната работна седмица времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Утрата ќе бидат со температури и под нулата, наведуваат од УХМР.

Би можело да ве интересира

Сончево и постудено

Променливо облачно време со сончеви периоди, од утре заладување

Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд

А1он

Темепратури до 20 степени денеска

Променливо облачно време со дожд попладне, температури до 16 степени

Променливо облачно со локален дожд

А1он