Сиљановска: Немам никаква улога во случајот „Алта банка“

Од:

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на надзорната расправа во Собранието за Алта банка изјави дека шефот на државата нема законски надлежности во постапките за издавање или одземање банкарски дозволи, давање согласности, спроведување супервизија или воведување администрација во банка, нагласувајќи дека сите тие одлуки се во надлежност на Народната банка.

Одговарајќи на прашањата на пратениците Соња Мираковска и Никола Мицески, Сиљановска-Давкова посочи дека независноста на Народната банка е уставна и законска категорија и дека ниту таа, ниту нејзиниот кабинет учествувале во процедурите поврзани со Алта банка.

– Немам надлежност ниту за издавање, ниту за одземање дозволи, ниту за давање и повлекување согласности, ниту за банкарски супервизии, ниту за супервизорски мерки, ниту за воведување администрација во банка. Сите овие прашања се во надлежност на органите на Народната банка, истакна претседателката.

Во однос на нејзиниот предлог Трајко Славески да биде избран за гувернер, Сиљановска Давкова рече дека одлуката ја донела самостојно, врз основа на неговите професионални и академски квалификации.

Таа нагласи дека пред да го достави предлогот разговарала со повеќе експерти од областа на економијата и банкарството, поранешни гувернери, професори и претставници од академската јавност.

– Не само што кандидатот Трајко Славески ги исполнува законските услови, туку е професор со четири децении искуство, со значајна академска и меѓународна кариера…. Основната причина за мојот избор беа неговата стручност, компетентност и професионален интегритет – истакна претседателката.

Таа ги отфрли тврдењата за каква било поврзаност меѓу нејзиниот предлог за гувернер и влезот на Алта банка во земјава, оценувајќи ги таквите наводи како „бизарни“ и „бесмислени“.

Во одговорот до пратеничката Мираковска, претседателката потенцираше дека предлагачката улога на шефот на државата при избор на гувернер не создава хиерархиски однос меѓу претседателот и гувернерот.

– Претседателот предлага, Собранието избира. Гувернерот не одговара пред претседателот што го предложил, туку постапува во рамките на своите уставни и законски овластувања и е одговорен пред Собранието – појасни Сиљановска-Давкова.

Според неа, можноста претседателот да се појави во постапка поврзана со Народната банка би постоела единствено во евентуална постапка за разрешување на гувернерот, а не во процесите на одлучување и работење на централната банка.

Би можело да ве интересира

Фирмите со сметки во Алта банка од денеска неограничено ќе располагаат со новите приливи

СДСМ: Кривична одговорност за Алта банка мора да има – Обвинителството да постапува

Горан Наумовски

ВИДЕО: СДСМ поднесе интерпелација за Трајко Славески за Алта банка

Лукаревска: Дел од сведоците вторпат се на службен пат токму за Надзорната расправа за Алта банка

Катерина Ѓуровски

Надзорната расправа за АЛТА банка прдолжува утре

(ВИДЕО) Кузеска: Зошто се молчи за влезот на Алта и Мацура и во осигурувањето – кој ќе одговара?

Горан Наумовски