ПОЦ предупредува на лажни СМС-пораки: Се закануваат со казни од 20.000 денари за наводно неплатен паркинг

Од:

ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ предупредува за појава на лажни СМС-пораки со кои непознати испраќачи го злоупотребуваат името на претпријатието и се обидуваат да измамат граѓани преку лажни интернет-страници за плаќање на наводни неплатени обврски за паркирање.

Во пораките се наведуваат закани за парични казни од најмалку 20.000 денари, како и суспензија на регистрацијата на возилото доколку граѓаните не ја извршат уплатата.

Од ЈП ПОЦ информираат дека пораките не се испратени од претпријатието и дека станува збор за обид за интернет-измама, односно фишинг.

Граѓаните се повикуваат да не одговараат на пораките, да не ги отвораат линковите, да не внесуваат лични податоци и податоци од платежни картички и да не вршат уплати преку нив.

Доколку некој веќе внел податоци од платежна картичка или извршил уплата, треба веднаш да ја контактира својата банка и да го пријави случајот во Министерството за внатрешни работи.

За проверка на евентуални обврски за паркирање, од претпријатието упатуваат граѓаните да ги користат исклучиво официјалните канали: веб-страницата www.poc.mk, електронската адреса [email protected] или телефонските броеви 02/3212-488 и 02/3212-489.

Би можело да ве интересира

Дисциплинска за двајцата полицајци од обезбедувањето на Сиљановска-Давкова кои рекле дека „поршетo“ е на МВР

Горан Наумовски

Казнет возачот на „поршето“ непрописно паркирано во Дебар Маало, внатрешна контрола го проверува полицаецот што беше на настанот

Катерина Ѓуровски

Герасимовски: Полицијата, а не ПОЦ, одбивала да го подигне возилото, МВР да ги санкционира

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Паркинг драма во Дебар Маало: Граѓани ја принудија пајак службата да крене луксузно возило

Катерина Ѓуровски

Левица: ПОЦ ги дискриминира лицата со попреченост

Душко Коцевски е нов в.д. директор на ЈП ПОЦ

Ана Ололовска