ВИДЕО: Руски напад на Запорожје, најмалку двајца мртви и 40 повредени

Од:

Две лица загинаа, а 22 се повредени во рускиот напад врз Запорожје изминатата ноќ, соопшти Михаило Семикин, вршител на должноста шеф на Регионалната воена управа на Запорожје.

Меѓу повредените има две деца, на возраст од шест и 16 години. Во нападот се оштетени повеќекатни и приватни станбени објекти, автомобили, како и објект од сообраќајната инфраструктура.

„Непријателот го нападна градот. Уништен е приватен станбен објект, а делумно е уништена и една петкатница. Оштетени се повеќекатни и приватни згради, автомобили и објект од сообраќајната инфраструктура“, напиша Семикин на Телеграм.

Според него, постојат информации за лица кои останале заробени во оштетените објекти, поради што се во тек операции за пребарување и спасување.

Семикин наведе дека е укажана помош на 11 повредени лица, меѓу кои и една жена во тешка состојба. Таа се здобила со повреди од експлозивна направа и експлозија, како и со трауматска повреда на мозокот.

„Медицинските работници им ја пружаат сета неопходна помош на повредените“, изјави Семикин.

Како што пренесува „Укринформ“, на 23 ноември, во руски напад врз приватна клиника во Запорожје, загинаа три лица.

Би можело да ве интересира

Медведев: Русија не само што има право, туку во различни ситуации е и должна да употреби нуклеарно оружје

Хегсет ја блокира испораката на ракети „Патриот“ за Украина

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Естонија ги затвора границите со Русија, гужви на премините

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Трамп најави план за пошироко примирје во Украина

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Запален руски брод отплови во фински води, подигнати борбени авиони: „Војната се прелева во нашето соседство“

Катерина Ѓуровски

Зеленски му се закани на Путин: Кримскиот мост нема да опстане