Две третини од домаќинствата во Македонија се без деца

Од:

Во Македонија 66,1 отсто од домаќинствата во 2025 година биле без деца, додека 33,9 отсто имале издржувани деца, покажуваат податоците на Евростат за структурата на домаќинствата. За разлика од европскиот просек, каде што 76,6 отсто од домаќинствата немаат деца, во земјава уделот на домаќинствата со деца е значително повисок и изнесува 33,9 отсто, наспроти 23,3 отсто во Европската Унија.

Во Македонија во 2025 година имало вкупно 595.600 домаќинства, од кои 393.400 биле без деца, а 202.200 со издржувани деца.

Просечниот број деца по домаќинство изнесувал 0,60, што претставува намалување за 25 отсто во споредба со 2015 година, кога бил 0,80.

Просечната големина на домаќинството во земјава изнесувала меѓу 3,1 и 3,2 члена, што е повеќе од европскиот просек од околу 2,3 члена.

На ниво на ЕУ, уделот на домаќинствата со деца континуирано се намалува во изминатите 15 години. Во 2010 година изнесувал 26,9 отсто, во 2015 година 25,9 отсто, во 2020 година 25 отсто, а во 2025 година паднал на 23,3 отсто. Тоа значи дека речиси осум од десет домаќинства во ЕУ немаат деца.

Во истиот период се зголемил уделот на домаќинствата составени од едно возрасно лице без деца – од 33,6 отсто во 2015 година на 37,5 отсто во 2025 година. Наспроти тоа, уделот на домаќинствата составени од двојки со деца се намалил од 16,6 на 14,7 отсто.

Меѓу земјите членки на ЕУ, најголем удел на домаќинства составени од двојки со деца има Словачка со 20,3 отсто, по што следуваат Кипар со 19,6, Чешка со 18,4 и Луксембург со 18,3 отсто.

Домаќинствата составени од едно возрасно лице со деца сочинувале три отсто од вкупниот број домаќинства во ЕУ. Најголем удел на вакви домаќинства има Естонија со 9,4 отсто, Летонија со седум и Ирска со 6,9 отсто.

Од друга страна, домаќинствата составени од едно лице без деца биле најзастапени во Литванија, каде што нивниот удел изнесувал 62,5 отсто. Следуваат Естонија со 53,8 и Финска со 47,9 отсто.

Би можело да ве интересира

Левица: Јаневска им вели на шестгодишни деца да бараат братче и сестриче за да ја решат демографската криза во која ДПМНЕ ја доведе Македонија

(ВИДЕО) Филипче: Власта е исплашена, посегна по децата, организаторите и напаѓачите мора да одговараат

Предраг Петровиќ

Украинци погодија автобус што превезуваше белоруските деца од фудбалски тим

Горан Наумовски

Трите деца пронајдени на улица се прегледани во болница, случајот го следи Центарот за социјални работи – Куманово

Горан Наумовски

УНИЦЕФ: Загадениот воздух, сушите и топлотните бранови – главна закана за децата во Македонија

Горан Наумовски

Владата подготвува реформа на пазарот на струја, најавени пониски цени за домаќинствата