Девет лица беа застрелани на концерт во централна Калифорнија, едно од нив се здоби со тешки повреди на градниот кош и се наоѓа во критична состојба, соопштија денеска локалните власти.
Досега нема уапсени, а не е обелоденето ниту колку лица пукале кон толпата. Во соопштението се наведува дека 26-годишен маж, кој бил погоден во градниот кош, бил опериран и е во критична состојба.
Уште две жртви, на возраст од 19 и 22 години, исто така биле оперирани, додека шест други се здобиле со полесни повреди. Властите изјавија дека претпоставуваат оти пукањето можеби е поврзано со конфликт меѓу банди, но не дадоа дополнителни детали.
На настанот, кој се одржал во град со околу 3.000 жители, настапиле изведувачи од соседните држави, додаде полицијата.
Канцеларијата на шерифот не одговори веднаш на барањето за дополнителни информации испратено по електронска пошта, но посочи дека веќе нема непосредна опасност за јавноста.
