Силна експлозија одекна во текот на ноќта во пристаништето во Бенгази, на истокот на Либија, при што, според првичните информации, речиси сигурно е уништена руската ракетна корвета „Меркуриј“, чија вредност се проценува на околу 200 милиони долари. Причината за експлозијата засега не е утврдена.
Insane footage of the moment Russian warship Merkury worth over 200 million exploded in port Benghazi Libya last night completely destroying it after its onboard ammunition detonated.
Huge loss. https://t.co/8TRz9ic2CS
— WarMonitor🇺🇦🇬🇧 (@WarMonitor3) November 22, 2026
На социјалните мрежи се прошири снимка од експлозијата на која се гледа силен блесок и густ чад над пристаништето. Сателитските снимки направени во текот на денот, на кои се повикува специјализираниот военопоморски портал „Навал њуз“, потврдуваат дека на бродот долг 105 метри избувнал голем пожар.
Корветата „Меркуриј“ беше примена во составот на руската воена морнарица во мај 2023 година, со екипаж од околу 90 членови. Нејзината вредност се проценува на околу 200 милиони долари, врз основа на договорната цена за изградба од 17,24 милијарди рубљи, наведена во официјалните извештаи на бродоградилиштето „Севернаја верф“.
A Russian Navy Steregushchiy-class corvette mysteriously exploded and caught fire in the port of Benghazi, Libya, overnight. https://t.co/S8ppUXCh2t
— OSINTtechnical (@Osinttechnical) November 22, 2026
Локалните власти во Бенгази, кој е под контрола на силите на генералот Халифа Хафтар, потврдија дека дошло до експлозија во складиште за муниција во поморската база. Москва засега не се огласи за судбината на бродот.
Воениот поморски аналитичар Х. И. Сатон во извештај за „Навал њуз“ наведува дека „Меркуриј“ бил закотвен во Бенгази неколку дена откако придружувал конвој руски пловила поврзани со транспорт на воена опрема за руските операции во Африка.
Корветата беше изградена за руската Црноморска флота и формално е дел од неа, но поради војната во Украина и затворањето на Босфорскиот Теснец за воени бродови од страна на Турција, никогаш не влезе во Црното Море. Наместо тоа, цело време дејствуваше од базите на Северната флота на Арктикот.
Доколку се потврди нејзиното уништување, тоа ќе биде второ сериозно оштетување на брод од оваа класа во последните неколку месеци. „Навал њуз“ потсетува дека нејзиниот сестрински брод „Бојкиј“, исто така корвета од проектот 20380, беше тешко оштетен на 3 јуни годинава во украински напад со дронови, додека се наоѓал во сув док во Кронштат, во близина на Санкт Петербург.
Last night, a Russian cargo ship in the port of Benghazi was targeted by one-way attack drones, possibly launched by Ukrainian intelligence operatives. The ship and its cargo caught fire and exploded, wounding several Russian sailors on board.
Today, Russia’s Ministry of Emergency Situations dispatched an aircraft to evacuate the wounded sailors.
— Babak Taghvaee – The Crisis Watch (@BabakTaghvaee1) November 22, 2026
Причината за експлозијата во Бенгази официјално не е утврдена. Локални извори за италијанската новинска агенција „Аџенција Нова“ пријавиле звуци од летала и активирање на противвоздушната одбрана. Во неделата наутро во градот слетал и руски транспортен авион Ил-76.
Сатон прави паралела со вчерашниот напад со дронови врз рускиот товарен брод „Спарта II“ во Финскиот Залив. Според него, двата инцидента се поврзани со руските логистички конвои преку кои Москва пренесува оружје и воена опрема надвор од црноморскиот регион.
Засега никој не ја презеде одговорноста за експлозијата во Бенгази. Инцидентот се надоврзува на серијата уништувања и оштетувања на руски бродови во Средоземното Море и покрај либискиот брег.
Во декември 2024 година, во Средоземното Море потона рускиот товарен брод „Урса Мајор“, поврзан со руската војска, по серија експлозии за кои се претпоставува дека биле предизвикани од подводни мини. Во март годинава, во напад со поморски дронови покрај брегот на Либија беше уништен и рускиот танкер за течен природен гас „Арктик Метагаз“.
Бенгази е оддалечен околу 1.800 километри од Украина по воздушна линија, а меѓу нив се наоѓаат воздушниот простор на неколку европски држави и Средоземното Море. Поради тоа, евентуален украински напад најверојатно би барал тајна операција на терен или од море, а не директно лансирање од украинска територија.
Асошиејтед прес во април, повикувајќи се на двајца либиски претставници, објави дека украински сили дејствуваат во западна Либија врз основа на таен договор. Според тие информации, украинските сили стоеле и зад нападот врз танкерот „Арктик Метагаз“. Киев никогаш официјално не ги потврди овие информации.
За разлика од западниот дел на земјата, Бенгази и источна Либија се под контрола на силите на Халифа Хафтар, кои со години одржуваат блиска соработка со Москва и претставуваат важно руско логистичко упориште за операциите во Африка.
