МВР: Безживотно тело на 38-годишен маж со прострелна рана пронајдено кај Смилковци

Од:

Во близина на с. Смилковци, скопско, пронајдено е безживотно тело на маж – соопшти Министерството за внатрешни работи.

-На 21.11.2026 во 06:15 чaсот во СВР Скопје е пријавено дека на обиколница „Мајка Тереза“ во близина на с. Смилковци, скопско пронајдено е лице без знаци на живот. Веднаш по пријавата полициски службеници од СВР Скопје се упатени на лице место, при што е утврдено дека лицето е Ш.Е.(38) од с. Љубин, скопско – информира МВР.

Како што наведуваат оттаму, во близина на телото е пронајдено патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое претходно го управувал.

-Од Итна медицинска помош констатирана е смрт, при што е забележана прострелна повреда во пределот на ногата. Извршен е увид од увидна екипа при СВР Скопје. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено во Судска медицина за обдукција – додава МВР.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на кривично правниот настан.

Би можело да ве интересира

Спортска сала, мамограф и патни инвестиции – премиерот Мицкоски најави нови проекти за Делчево и регионот

Мицкоски: Реалната нето-плата е за 5,2 отсто поголема, во владата на СДСМ и ДУИ беше намалена за пет отсто

Манасиевски: Филипче и СДС од ништо се обидуваат да направат скандал со Алта банка

Кардиоваскуларни заболувања – кога е доволно следење, а кога е потребен зафат

Предложен притвор за загрозување на сигурноста во Куманово

Прилепчанец лишен од слобода, вршел безправна сеча на огревни дрва