Во руски напад врз Криви Рих загина медицинска сестра – 20 луѓе се ранети

Од:

Руските сили го нападнаа Криви Рих со две балистички ракети, а потоа извршија и втор напад со беспилотни летала од типот „Шахед“, при што загина 20-годишна медицинска работничка.

Во нападот се ранети 20 лица, меѓу кои и три деца, соопшти Олександр Вилкул, претседател на Советот за одбрана на Криви Рих, пренесува украинската агенција „Укринформ“.

Според Вилкул, првите две балистички ракети погодиле паркинг пред популарен ресторан во центарот на градот. Додека траеле спасувачките операции и интервенциите, уследиле уште два удари со беспилотни летала.

„Во болницата почина 20-годишна девојка, медицинска работничка од службата за итна помош“, изјави Вилкул.

Во градот се оштетени бројни станбени згради и деловни објекти.

На местата на нападите е распореден зголемен број медицински и спасувачки екипи, додека нападите со беспилотни летала продолжиле.

Вилкул исто така предупреди на можни прекини во снабдувањето. Се очекува пад на притисокот на водата во делови од окрузите Саксагански, Металургиски и Централен, а можни се и ограничувања во снабдувањето со гас.

Меѓу повредените има три деца, а седумгодишно момче се наоѓа во исклучително тешка состојба. На повредените им се укажува неопходна медицинска помош.

Би можело да ве интересира

1.144 деца загинаа или се повредени годинава во Украина

А1он

Париз би можел да ја промени политиката кон Москва и Киев по претседателските избори

Русија изврши масовен напад врз Киев и неколку украински региони, оштетени се три моста

Горан Наумовски

Рјабков: Членството на Украина во НАТО е неприфатливо

На Украина ѝ се потребни 115 милијарди долари за 2027 година

Мицкоски во Берлин на состанокот посветен на Украина: Ја потврдивме поддршката за постигнување праведен и траен мир преку дијалог, дипломатија и координација со нашите сојузници