Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаеи, денеска изјави дека се лажни извештаите оти Иран развива хемиско и биолошко оружје, обвинувајќи ги Соединетите Американски Држави дека со ваквите обвинувања бараат оправдување за продолжување на војната.
Багаеи ја спореди американската реторика со периодот пред почетокот на војната во Ирак во 2003 година.
„По големата приказна за ’иранската нуклеарна закана‘, американските претставници сега тврдат дека постојат индикации оти Иран развива биолошко или хемиско оружје!“, напиша Багаеи на својот профил на социјалната мрежа Икс.
Тој оцени дека тврдењата постојано се менуваат, но дека основната нарација останува вознемирувачки позната.
