Трамп, Путин и Си објавија заедничка изјава, се договорија за четири точки

Од:

Претседателот на САД, Доналд Трамп, рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот претседател Си Џинпинг објавија заедничка изјава по трилатералната средба во Шенжен. Тие се договорија за соработка во однос на реформата на Обединетите нации, зголемувањето на понудата на нафтени деривати и намалувањето на нуклеарните ризици.

Посебно внимание привлекува делот од изјавата што се однесува на Меѓународниот кривичен суд (МКС), кој во 2023 година издаде налог за апсење на Путин. Тројцата претседатели изјавија дека судовите мора да го почитуваат имунитетот на државните функционери и не смеат да ги злоупотребуваат своите овластувања.

За што се договорија?

1. Реформа на ОН: Како постојани членки на Советот за безбедност на ОН, САД, Русија и Кина се обврзаа да промовираат реформа на организацијата, со цел таа поефикасно да одговори на глобалните предизвици и да ја исполни својата основна задача – одржување на меѓународниот мир и безбедност.

2. Нафта и енергетика

Трите земји планираат да го зголемат производството и понудата на нафтени деривати за добробит на сите држави. Тие, исто така, ја истакнаа важноста од стабилно снабдување со енергија. Овој договор доаѓа и покрај меѓународните санкции врз продажбата на руска нафта.

3. Меѓународен кривичен суд

Тројцата претседатели нагласија дека принципот на согласност од страна на државата и почитувањето на имунитетот на државните функционери се од суштинско значење. Тие изјавија дека МКС и сличните тела не смеат да ја злоупотребуваат својата надлежност.

4. Нуклеарно оружје

Тие потврдија дека нуклеарна војна не може да се добие и дека никогаш не смее да се води. САД, Кина и Русија ќе продолжат со дијалогот за намалување на нуклеарните ризици и спречување на ширењето на нуклеарното оружје.

Би можело да ве интересира

Баро за средбата на Трамп, Путин и Си: „Од тој состанок нема да има ништо“

Си: Мораме да сториме сè за да спречиме нуклеарна војна

Си го предупреди Трамп во врска со Тајван, лидерите разговараа и за вештачката интелигенција

Трамп: Нема да дозволиме Иран да поседува нуклеарно оружје

Си до Трамп и Путин: Мораме да учиме од историјата и заеднички да ги решаваме проблемите

Трамп, во присуство на Путин и Си: Меѓународниот кривичен суд излезе од контрола

Горан Наумовски