Баро за средбата на Трамп, Путин и Си: „Од тој состанок нема да има ништо“

Од:

Францускиот министер за надворешни работи, Жан-Ноел Баро, денеска изјави дека трилатералната средба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп, кинескиот претседател Си Џинпинг и рускиот претседател Владимир Путин во кинескиот град Шенжен нема да донесе никакви конкретни резултати, бидејќи тројцата лидери – според него – не се согласуваат за ништо.

„Тие тројца не се согласуваат за ништо, па затоа од оваа средба нема да произлезе ништо“, изјави Баро за француската радиостаница РТЛ.

Лидерите на САД, Кина и Русија денеска треба да разговараат за „светскиот мир“ за време на нивната прва трилатерална средба, која се одржува на маргините на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (APEC) во Шенжен.

Би можело да ве интересира

Трамп, Путин и Си објавија заедничка изјава, се договорија за четири точки

Си: Мораме да сториме сè за да спречиме нуклеарна војна

Си го предупреди Трамп во врска со Тајван, лидерите разговараа и за вештачката интелигенција

Трамп: Нема да дозволиме Иран да поседува нуклеарно оружје

Си до Трамп и Путин: Мораме да учиме од историјата и заеднички да ги решаваме проблемите

Трамп, во присуство на Путин и Си: Меѓународниот кривичен суд излезе од контрола

Горан Наумовски