Најмалку девет лица се повредени во украински напад врз руската област Курск

Од:

Најмалку девет лица, меѓу кои и едно 12-годишно дете, се повредени денеска во украински напад врз руската област Курск, соопшти регионалниот функционер Александар Хинштејн.

Тој на платформата „Икс“ (X) наведе дека спасувачите извлекле 12-годишно дете од урнатините на една куќа, по што му била укажана медицинска помош, пренесе агенцијата ТАСС.

Хинштејн истакна дека, поради украинскиот напад, препорачано е наставата во училиштата низ областа Курск денеска, во втората смена, да се одвива онлајн.

Би можело да ве интересира

Зеленски предлага 10 нови хуманитарни операции за евакуација од руските окупирани територии

Стаб: Ако немате агенда за мир, никогаш нема да го постигнете

„Билд“: Русија планирала напад во Полска, а потоа вината да ѝ ја префрли на Украина

Зеленски бара од САД пристап до „Старшилд“: Технологијата може да го промени текот на војната

Германија и Норвешка издвојуваат 300 милиони долари за американски ракети за Украина

Украинската војска тврди: Дел од Кримскиот мост e уништен по успешен напад