Левица: ОЈОГОКК бара докази за истепаниот малолетник во Охрид – Внатрешна контрола и Тошковски ја саботираат постапката

Од:

ОЈОГОКК потврди дека е отворена постапка за полициските службеници пријавени за брутално претепување на 15-годишно момче од Охрид. Но, и покрај сериозноста на случајот, токму Обвинителството потврди дека Внатрешната контрола при МВР сè уште не ги доставува потребните докази, со што се попречува целосното расчистување на настанот, велат од Левица.

– Левица претходно алармираше за случајот во кој, според сведоштвото на мајката, нејзиниот малолетен син бил пресретнат од полицајци додека се враќал од работа со мотор, удрен со службено возило, а потоа брутално претепан со боксови, клоци и пендреци.

Четири месеци по пријавувањето, нема разрешница, а полициските службеници против кои се изнесени сериозните обвинувања сè уште се на своите работни места.

Министерот Панче Тошковски, наместо да биде првиот иницијатор за расчистување на овие сериозни обвинувања и да обезбеди целосна соработка на МВР со обвинителството, избира да молчи и да не одговара на прашањата од медиумите. Со ваквото непостапување на Внатрешната контрола, МВР дополнително го руши сопствениот углед и довербата на граѓаните во институциите.

Левица бара итно доставување на доказите до ОЈО ГОКК, утврдување на одговорноста на полициските службеници и одговорност за непостапувањето на Внатрешната контрола.

Панче Тошковски не може да се крие зад молк додека обвинителството чека докази од институцијата со која раководи. Бараме оставка од Панче Тошковски! Министер кој не може или не сака да обезбеди одговорност за полициско насилство врз малолетник нема кредибилитет да раководи со Министерството за внатрешни работи, нагласуваат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Факултетите и Ректоратот на УКИМ во мрак, Пошта и културните установи под закана од истата судбина

А1он

(ФОТО) Левица: Полициско насилство врз малолетници во Охрид – Tошковски молчи

А1он

За закана кон Мицкоски притвор, за претепувањето на Сара не – Левица обвинува за селективност на институциите

Катерина Ѓуровски

Левица бара одговорност од полицијата, Обвинителството и судот за постапувањето во случајот со претепаната Сара од Охрид

Левица: ДПМНЕ ќе решавале големи државни прашања, а не можат ни со кравите и Стојна да се справат

А1он

Левица: Ден Дончев ја разобличува „борбата против криминалот“ на ДПМНЕ