Заврши конзервацијата на сликата „Тешкото“ од Никола Мартиноски

Од:

Заврши конзерваторско-реставраторскиот третман на монументалната слика „Тешкото“ од познатиот македонски уметник Никола Мартиноски, создадена во периодот 1952–1953 година.

Како што информираат од Факултетот за ликовни уметности во Скопје, конзервацијата била завршена во октомври годинава во Лабораторијата за уметничка технологија, конзервација и реставрација на уметнички дела – CARE Lab при факултетот.

Делото е изработено во техника масло на платно, со димензии 350,8 на 99,6 сантиметри, односно 365,5 на 115 сантиметри заедно со рамката. Сликата е во сопственост на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Конзерваторско-реставраторскиот третман беше реализиран во рамките на проектот „Конзервација на сликата „Тешкото“ – зачувување на културното наследство“, финансиран од средствата на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ за информативни, културни, спортски, студентски сервиси и други активности во 2026 година.

При конзервацијата биле применети принципите на зелената и одржлива конзервација, со употреба на водени системи за чистење, минимална интервенција и почитување на материјалниот интегритет на уметничкото дело.

Реализацијата на проектот, како што се посочува, претставува придонес кон интегрирањето на современите конзерваторски методологии во високото образование, како и кон поврзувањето на научните сознанија со практичната заштита на културното наследство.

Ментори и раководители на конзерваторско-реставраторскиот третман се м-р Марија Сотировска-Богдановска, доцент, и м-р Маријета Сидовски, насловен доцент и виш конзерватор-реставратор.

Би можело да ве интересира

„Една сцена, шест децении музика“ – 60 години факултет за музучка уметност

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нападнати екипите на А1он и ТВ 21 на објектот спроти МНР

А1он

Наставно научниот и уметничкиот совет на ФДУ не ги прифаќа резултатите од изборот на студентски лидер