Обвинителство бара притвор за Кристијан Корабовски од Охрид кој ја претепа 26 годишната Сара

Од:

Основното јавно обвинителство Охрид поднесе обвинение против едно лице за три кривични дела – телесна повреда, противправно лишување од слобода и загрозување на сигурноста, информираа од Обвинителството.

Според наводите во обвинението, осомничениот при вршење семејно насилство противправно ја затворил, физички ја нападнал и телесно ја повредил оштетената, притоа загрозувајќи ја и нејзината сигурност.

Од ОЈО Охрид соопштуваат дека јавниот обвинител презел повеќе истражни дејствија за целосно расчистување на настанот. Била испитана оштетената во присуство на претставници на социјалните служби, а било наредено и извршено вештачење за утврдување на видот и карактерот на повредите.

Заедно со обвинението, обвинителството до Основниот суд во Охрид доставило и предлог за определување мерка притвор за обвинетиот, имајќи ги предвид околностите утврдени во текот на постапката.

Од Обвинителството посочуваат дека обвинетиот бил обезбедуван во текот на целата постапка.

Според претходните информации, станува збор за случајот со 26-годишната Сара Ѓорѓиевска од Охрид, за чиј напад беше осомничен 31-годишниот Кристијан Корабовски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски со осуда за нападот врз девојката во Охрид: Ќе сториме сè сторителот да одговара пред правдата

Повторно е приведен Кристијан Корубовски кој ја претепа Сара Ѓорѓиевска од Охрид

Горан Наумовски

МВР: Напаѓачот на Сара Ѓорѓиеска имаше 1,29 промили алкохол во крвта

Горан Наумовски

За закана кон Мицкоски притвор, за претепувањето на Сара не – Левица обвинува за селективност на институциите

Катерина Ѓуровски

Савески: Исказот на жртвата е клучен доказ во истрагата за случајот во Охрид

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Тепачот на Сара, насилникот од Охрид бил пуштен на слобода поради врски со ВМРО – ДПМНЕ