Мицкоски со осуда за нападот врз девојката во Охрид: Ќе сториме сè сторителот да одговара пред правдата

Од:

Премиерот Христијан Мицкоски упати остра осуда за нападот врз младата девојка во Охрид, изразувајќи поддршка до нејзиното семејство и ветувајќи дека институциите ќе сторат сè сторителот да биде изведен пред лицето на правдата.

Мицкоски, кој денеска се обрати од Брисел, рече дека неговото обраќање требало да биде посветено на сосема друга тема, односно на состаноците и разговорите за борбата за интересите на Македонија во Белгија.

– За жал, до мене стигна ужасната вест која ги потресе Охриѓани, но и генерално граѓаните на Македонија, за инцидентот и претепувањето на младата девојка. Ја користам оваа прилика да изразам жалење и жестоко да го осудам дивјаштвото кое се случува – изјави Мицкоски, соопшти владината прес-служба.

Тој нагласи дека како човек и родител сака да изрази поддршка до семејството на девојката, посочувајќи дека Владата ќе преземе сè што е во нејзина надлежност за сторителот да одговара пред правдата.

-Како човек, како родител, како татко, како брат и сопруг сакам да изразам поддршка до семејството на девојката и да ветам дека сè ќе сториме како институција и јас како претседател на Владата лицето кое го сторило овој ужасен напад да биде изведено пред лицето на правдата – порача премиерот.

Би можело да ве интересира

Повторно е приведен Кристијан Корубовски кој ја претепа Сара Ѓорѓиевска од Охрид

Горан Наумовски

МВР: Напаѓачот на Сара Ѓорѓиеска имаше 1,29 промили алкохол во крвта

Горан Наумовски

За закана кон Мицкоски притвор, за претепувањето на Сара не – Левица обвинува за селективност на институциите

Катерина Ѓуровски

Савески: Исказот на жртвата е клучен доказ во истрагата за случајот во Охрид

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Тепачот на Сара, насилникот од Охрид бил пуштен на слобода поради врски со ВМРО – ДПМНЕ

Петровска: Тоа што Сара преживеала не смее да биде изговор за потценување на нападот