Бензините поевтинуваат за 2, а дизелот за 2,5 денари по литар

Од:

Цената на бензините од ноеска на полноќ се намалува за два денара по литар, а дизелот поевтинува за 2,5 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,43 отсто.

Новата максимална малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 е 84 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 86, а ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 92 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за три денари за литар се неамалува и малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и ќе изнесува 100,5 денари, додека цената на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,998 денари за килограм и ќе се продава за 48,314 денари.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек: а 7,484 отсто, кај дизелот за 4,032, кај екстра лесното масло за 4,478 и кај мазутот за 3,253 отсто. Курсот, пак, на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,5039 отсто.

Во Одлуката на РКЕ е применета владината одлука за намалениот износ на ДДВ за нафтениот дериват ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) во износ од 10 проценти и е применет намален износ на акцизата од еден денар за литар кај бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и намален износ на акцизата од четири денари за литар кај ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V).

Би можело да ве интересира

Горивата поевтинуваат од 5,5 до 7 денари за литар

Ирак постигна договор со САД: Нафтата повторно ќе минува низ Ормутскиот теснец

Горан Наумовски

Александар Новак: Руското дизел гориво понекогаш влегува во Европа под различни марки

Нови цени на горивата

Горан Наумовски

Цената на суровата нафта на највисоко ниво во последните пет недели – цената на нафтата „Брент“ е највисока од 2022 година

А1он

Цената на нафтата од типот „Брент“ надмина 103 долари за барел

А1он