ВИДЕО: Потона товарен брод во Црното Море, спасени сите 12 членови на екипажот

Од:

Товарниот брод „BETUL 8“, кој превезувал пченица од Романија кон Египет, потона во Црното Море, на околу 40 наутички милји југоисточно од ’ртот Калиакра, во бугарската ексклузивна економска зона.

Спасувачката операција заврши успешно, а сите 12 членови на екипажот беа спасени. На бродот имало осум турски и четворица азербејџански државјани.

Засега нема официјални информации за причините и околностите што довеле до потонувањето на бродот, кој пловел под сомалиско знаме.

Сигналот за помош бил примен во Морскиот спасувачки координативен центар во Варна во 9:15 часот.

Кон местото на несреќата биле упатени четири бродови од Противминската поморска група во Црното Море (MCM Black Sea) – два бугарски, еден романски и еден турски. Во спасувачката операција учествувале и два хеликоптера „Кугар“ и авион Су-25 на бугарските воздухопловни сили.

„BETUL 8“ пловел од Тулча, Романија, кон Египет, со товар од околу 3.000 тони пченица во зрно.

Би можело да ве интересира

Фон дер Лајен: Безбедноста на Црното Море е безбедност на цела Европа

ВИДЕО: Потона бродот кој беше нападнат со три дрона во Црното Море

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Брод е погоден од дронови на 25 километри од романскиот брег – има загинати и исчезнати

Црното Море стана нов фронт на војната: Радев ја повика руската амбасадорка, рекции на ЕУ и НАТО

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Повторно погодени бродови во Црното Море кај Бугарија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Напад со дронови на два брода во бугарски води во Црното море