„АЛТА банка“ се продава: Првата аукција на 30 ноември, почетната цена 3.777 денари по акција

Од:

Народната банка ја објави постапката за продажба на доминантниот акционерски пакет во „АЛТА банка“ АД Битола, со цел да се обезбеди нов сопственик и да се создадат услови за натамошно стабилно работење на Банката.

Станува збор за 372.742 обични акции, односно 95,336 отсто од вкупниот број акции, кои се во сопственост на „Алта банка“ АД Белград – во стечај.

Продажбата ќе се спроведе преку Македонската берза на хартии од вредност, по моделот „сè или ништо“, што значи дека заинтересираните инвеститори ќе мора да го купат целиот акционерски пакет. Првата јавна берзанска аукција е закажана за 30 ноември 2026 година, со почетна цена од 3.777 денари по акција.

Доколку акциите не се продадат на првата аукција, следните ќе се одржат на 1, 2, 3, 4 и 7 декември. Почетната цена на секоја наредна аукција ќе биде намалена за 10 отсто во однос на претходната.

Заинтересираните инвеститори најдоцна до 19 ноември треба да достават барање до Народната банка за добивање претходна согласност за стекнување квалификувано учество во Банката, како и писмена изјава дека ќе ги обезбедат средствата потребни за купување на акциите.

На аукциите ќе можат да учествуваат само лицата кои ги исполнуваат законските услови.

Постапката е дел од активностите на Народната банка за обезбедување нов сопственик, продолжување на работењето на „АЛТА банка“ и заштита на интересите на штедачите и останатите клиенти.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е во паника за Алта банка – по моделот на Вучиќ сака да ја замолчи опозицијата

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски

Од понеделник ќе работи експозитурата на Алта банка во Прилеп

ВЛЕН до ДУИ: Јавноста заслужува одговори за вашите финансиски врски со Србија

(ВИДЕО) Манасиевски: Филипче и СДС лажат, Алта банка немала забрана за работа во ЕУ и не можела да биде спречена да влезе во Македонија