Во Нирнберг, вчера 34-годишен маж тешко ја повреди својата 33-годишна партнерка, државјанка на Србија, за време на расправија. Тој е уапсен и ќе биде изведен пред истражен судија.
Според германската полиција, од причини што допрва треба да се утврдат, двојката се расправала околу 16:30 часот во стан во нирнбершката населба Санкт Петер.
Вербалниот конфликт набрзо прераснал во физичка пресметка, при што 34-годишниот германски државјанин ја прободел својата партнерка со виљушка, а потоа побегнал од станот.
Повредената жена била пренесена во болница со тешки телесни повреди, каде што ѝ била укажана лекарска помош.
Во моментов таа не е во животна опасност, пишува Bsaktuell.de.
Полицијата веднаш започнала потрага, а патрола на Единицата за поддршка (USK) при Полициската управа на Средна Франконија набрзо го пронашла и уапсила осомничениот во близина на плоштадот Ауфзесплац (Aufsesplatz).
Увидот и првичните криминалистички дејствија на местото на нападот ги извршила дежурната криминалистичка служба на Средна Франконија, а понатамошната истрага ја презело надлежното одделение на криминалистичката полиција во Нирнберг, поради сомневање за обид за убиство.
На барање на Државното обвинителство во Нирнберг-Фирт, осомничениот ќе биде изведен пред истражен судија, кој ќе одлучува за одредување притвор.
